Иконата на Мајката Бојжа од 18 век почна да мироточи (Фото)

Во Храмот „Архангел Михаил“ во селото Урусово на подрачјето на градот Венов во Тулската област во Русија (50 километри од Тула и 180 од Москва) почна да мироточи иконата на Мајката Божја од 18 век наречена „Знамение“, пишува на официјалниот сајт на Руската православна црква., пренесува “Russia Beyond” на Македонски јазик.

Мироточењето е појава на лачење на миризливо масло од икона како последица на чудо. Оваа појава е забележана многу пати во црковната историја. Верниците сметаат дека таквите икони имаа исцелителна моќ.

Мироточењето на иконата е забележано повеќе пати од 8 февруари, во интервали од по неколку дена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.