Изјава што носи два пратеници плус на контото на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

„Потребно е да се донесе закон во кој што ќе има јасно нивелирање на примањата на функционерите.

Треба тоа да биде достоинствено имајќи в предвид одговорноста што ја имаат, но не треба да биде толкава разликата колкава што е сега“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју за „Република“.

Тој најавува промени во тој правец кога ќе дојде неговата партија на власт.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон кој што ќе биде фер, закон кој што ќе ги намали примањата од оваа сума која што е сега“, порача Мицкоски.

Тој изрази загриженост за состојбата на Буџетот која била катасстрофална и алармантна.

„Во која смисла е алармантна и катастрофална? Во смисла дека покрај тоа што има многу криминал, многу сива економија и приливите не се онака како што се планира и посебно во делот на данокот за додадена вредност“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека потребни се параметри според кои може да се види точно каква е состојбата во Буџетот и така ВМРО-ДПМНЕ врз основа на тие параметри ќе каже што може граѓаните да очекуваат.

По трета минута во видеото:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.