Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Пробиштип поднесе kpивична приjaва против Г.С.(21) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
Во текот на декември 2018 година, пријавениот искористил згодна прилика и прибавил банкарски податоци од вистинска платежна картичка и податоци за носителот на платежната картичка и ги искористил при вршење на 11 успешни интернет трансакции кон странски интернет продажни места, со што го оштетил сопственикот за износ од 134.493 денари.