Германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер во наредниве денови ќе потпише договор со ПСЖ.
Како што ексклузивно пренесува спортскиот портал Goal.com, ПСЖ до крајот на оваа недела би требало да го завршат трансферот кој би вредел 45 милиони евра.
ПСЖ не е во истата форма како минатата сезона, тренерот Унаи Емери не е задоволен со учинокот на Анхел Ди Мариа и Хатем Бен Арфа, со тоа доаѓањето на Дракслер е очекуван потег.
ПСЖ веднаш ќе исплати 35 милиони, а потоа уште 10 милиони евра како бонус во зависност од учинокот и резултатите.
Дракслер во летото 2015 година пристигна во Волфсбург од Шалке за 30 милиони евра како замена за Кевин Де Бруин.