Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, за време на викендот извршиле засилени сообраќајни контроли и притоа контролирани се 1284 возачи, од кои 32 возачи управувале возило без возачка дозвола, седумина не користеле сигурносен појас, а дозволената брзина ја надминале 95 возачи.
Под дејство на алкохол биле петмина возачи, а четворица возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото. Од сообраќај се исклучени 22 возила затоа што биле нерегистрирани.