Изминатиот викенд на подрачјето на СВР Битола контролирани 1206 возила, а caнкционирани биле 90

Изминатиот викенд полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас…

Притоа, контролирани се вкупно 1206 возила и возачи и било констатирано дека 33 возачи ја надминале дозволената брзина, 28 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 18 возила, пет возачи не користеле сигурносен појас, а шест возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возило – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.