Излyпан слyжбен автoмобил и во Kpyшево? Ќе одгoвapa ли некoj? (Фото)

После информацијата од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп за уништен автомобил на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, иста таква информација објавија и од ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево.

Според објавата на Фејсбук страната на УМС Крушево, се работи за службен автомобил на гимназијата “Наум Наумоски-Борче”.

“Кој ќе понеси одговорност за искршенато службено возило на гимназијата “Наум Наумоски-Борче” – Крушево? Прашуваме дали постои записник за настанатата сообраќајка, кој ја возел колата, дали имал налог, полномошно и кој ќе ја надомести направената штета? Многу поверојатно е дека сето ова е скриено и одговорните институции молчат! Или можеби ќе барате одговорност од Наќе?” – прашуваат од УМС Крушево.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.