Во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, Фото Кино клубот „Прилеп“ ја отвори изложбата на уметничка фотографија насловена „Јордан Зазоски – Зазо“. Оваа изложба, информираат од клубот прераснува во традиција, каде членовите на ФКК „Прилеп“ ги претставуваат своите фотографски дела кои ги создале во претходната година.
Годинава, акцентот е ставен кај помладокот на клубот, што всушност е и новата движечка сила на ФКК „Прилеп“. Тие преку низа активности, работилници и со нивната постојана присутност во светот на фотографијата, веќе се градат како препознатливи автори – нивните дела освојуваат се поголем број награди и признанија, велат од Фото кино-клубот „Прилеп“.