Во четврток 04.02.2016 од 19 часот, во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,, во Прилеп ќе биде отворена изложба на дела од 52 Меѓународна Струмичка ликовна колонија.
На 52 колонија учествувале 18 автори од повеќе држави – Србија, Бугарија, Полска, Русија, Црна Гора, Македонија… Дел од уметниците кои биле фасцинирани од старата архитектура и тесните улички и сокаци во Струмица па инспирирајки се од тоа своите чуства ги пренесувале на своите платна, некои сликари сликале апстрактно, некои асоцијативно, секој со својот дух, секој со своите креации, што е и убавината на уметноста да се биде по различен. Ако уметноста е чувство, емоција, љубов, сето тоа се случува и постои во Мегународната Струмичка ликовна колонија.
Меѓународната Струмичка ликовна колонија е основана 1963 година и е една од најстарите колони не само во Македонија туку и на Балканот. За сите изминати години досега учествувале преку 1200 уметници од сите краеви на светот ,а фондот на колонијата досега располага со преку 2500 уметнички дела работени во најразлични техники,масло на платно,скулптури,мозаици,графики.Една од позначајните збирки на дела во колонијата се делата на осноположниците на македонското сликарство, почнувајки од Никола Мартиновски, Томо Владимирски, Димитар Пандилов, Вангел Коџоман, Вангел Наумовски, Петар Мазев, Димитар Кондовски,и уште многу други уметници кој придонеле за развојот не само на колонијата ,туку и за македонската ликовна сцена. Исто така Струмичката колонија поседува и посебна збирка на дела од најпознатите автори од поранешна Југославија кои исто така имат големо значење.Во 1993 година од страна на професорот Газанфер Бајрам и професорот Паоло Ракани познат мозаичар кој ни доаѓа од Италија е основана мозаичката работилница која е во склоп на колонијата. За сите овие 22 години откако постои студиото за мозаик се создадени повеке од 60 мозаици, а учесници биле мозаичари од повеке држави, Италија, Украина, Србија, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Македонија,и е еднинствена колонија во која се работи техниката мозаик.