Во петок 17 февруари во 19.00 часот во ликовната галерија од ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата на дела од 17 ликовна колонија Нижополе.
На изложбата ќе бидат претстанавени 20 дела од 20 уметници од земјата и од странство, кои твореа на Пелистер во јули 2016 година.
Прилепските љубители на уметноста ќе имаат можност да ги видат делата што ги создадоа Павле Kузманоски, Данчо Ордев, Илија Кочоски, Владимир Темков, Ниче Василев, Андријана Мациев од Македонија, Лукаш Зедлевски од Полска, Ивана Кики Јаковлевиќ и Драгана Тошиќ од Србија, Емилија Варбанова и Арт Сил од Бугарија.