Изложба на дела „Импресии“ од Валбона Атанасковска

^728ED21A3C02FA54FA70988C42ADA057FD166125F2EEAAF06F^pimgpsh_fullsize_distr

Во петок 5 мај во 20.00 часот во ликовната галерија од ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата на дела „Импресии“ од Валбона Атанасковска.

Ќе бидат изложени 18 дела преку кои уметницата ги пренесува нејзините впечатоци од различни патувања.

^777C2B6CE059CA8D2C40CA21B346DCB72981596EDF3EA82336^pimgpsh_fullsize_distr

-Валбона Атанасковска иако е графичар  се посветува на сликарството со чии средства најсоодветно го изразува својот темперамент и уметничка природа. Предмет на обработка и се пејзажот, портретот и актот што зборува за цврстата вкоренетост во сопственото опкружување. Нејзините пејзажи се изработени по сеќавање, но се полни со светлина и топол експресионистички сјај на бојата. Посебно внимание е дадено на контурната линија, како и на ритмичната поврзаност на целината. Во нив сепак преовладуваат живите колористички созвучја и експреисвната модулација на широките обоени површини. Бона не се подведува по модерните трендови туку го следи својот инстикт и ликовен резон. Нејизните дела го привлекуваат вниманието посебно со јасните форми , со боите од кои блика речиси детска радост и размена на енергија во два правци – вели за нејзините дела Владимир Величковски, член на AICA.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.