Во петок 23 септември 2016 од 20.00 часот во изложбениот салон на ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата ,,Бисерите на Малиот Битолски Монмартр 2016,,.Се работи за изложба од 30 дела што се дел од 35 јубилејно издание на манифестацијата.
Темата на изложбата е старата македонска архитектура. Делата ги насликаа околу 100 деца – ликовни таленти од околу 15 земји. Пренесени се архитектурите на Битола, Охрид и Крушево.
Од најдобрите дела е формирана изложбата која ќе можат да ја проследат прилепчани.