Изложбата ,, Game – live is a game – art is life,, од уметницата Буба М. Солак пред прилепчани

077

Во петок 5 август 2016 во 20.00 часот во ликовната галерија од ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена концепт изложбата ,, Game – live is a game – art is life,, од уметницата Буба М. Солак од Битола.

Изложбата е во рамките на манифестацијата Прилепско културно лето.

Буба М. Солак за изложбата:

,,Задоволството во еден момент да се препуштите на ,,Играта,, и на поинаков начин автор/ гледач, публика, взаемно да ги споите имагинацијата и искушенијата е интересен момент, но истовремено и ,,одговорно,, до каде се би оделе во трансфромацијата и комбинацијата на градење на Ново расположение?! Преку ваквиот начин на компонирање на игри, композиции, дело… авторот и гледачот ви нудат израз на свој темперамент, енергичност, истражување и навестување на нови креативни намери во нови композиции. Играње и комбинирање до,,бескрај,, значи можност и самиот гледач/ публика да креира негово и на сопствен начин свое Ново Расположение.

Карактеристиката во моето творештво е цртежот во служба на бојата која веќе подолго време е мој ракопис, почнувајќи од циклусот ,,Игра и предел 1,, а веќе подолго време и во циклусот,, Игра – предел 2,,. Способноста да се трансформира игра преку спојување на форми, бои и линии, преку спонтан цртеж, интензивни бои и градење на своја иконографија, организација на цртеж и боја во просторот врз коцките и топките поставени како подготвителна скица и врз нив слободно и импулсивно нанесен цртеж(како личен потпис) кој ја потенцира бојата зависи лично од авторот, односно да се разбере како синтаксички елемент на ликовниот израз на авторот. Правејќи паралела помеѓу изведба, техника, дисциплина е фактот дека по се ова,,Играта,, е нешто што ги спојува и одржува, однос на постојан интерес да се избега од реалното и да се создаде Нов/Стар свет и игра,,преку взаемно влијание, согледување и експериментирање видено преку очите на авторот /гледачот, публиката која игра одлучувачка улога како гледач – автор.

066

Биографија:

ЉУБИЦА МЕШКОВА СОЛАК  родена 1975 година во Скопје

Образование;

Училиште за применета уметност ,,Лазар Личеноски,, и Факултет за ликовна уметност  отсек Графика со конзервација и реставрација во класа на проф. Зоран Јакимовски дипломира 2000.

Член на ДЛУМ, ДЛУБ , ДЛУК И ИКОМОС

работи како професор по ликовна уметност во Битола.

работа на проекти од конзервација и реставрација;

1999-арабати  баба теќе-Тетово

1999/2000- завод за заштита на споменици _Скопје

2002/2003 Охрид  Плаошник

2004-2005 Битола Завод и музеј (икони ,фасади, фрески ,,Широк сокак,Татарчеви-приватен објект, св.Богородица )

Ликовни колонии;

1997-Македонски Брод

1997-Валандово

1997-Моклиште -Кавадарци

1998-Кожув-Михајлово/интеранационална ликовна колонија

1999-Кожув -Михајлово

2005-Нижополе

2007 Солун Грција -проект Сикис-работилница за мозаик

2010-Нижополе

2013-Молика,,Нови сведоци на Холокаустот)

2014-Romanija –Букурешт /Бустени-Трансилванија –ликовна работилница рачна изработка на книги и графики

2014 Израел / Ерусалим-ЈадВашем-семинар

2015-Трабзон Турција -ФеминАрт

Самостојни изложби;

2004- Битола / галерија

2009-Битола /магаза

2009-Кавадарци/Галерија

2009-Најдр галерија

2010-центар за култура -Битола ( излагање со Ленче Крстеска по повод јубилеј на  светскиот  ден на жената)

2011-Гевгелија

2011-салон на ДЛУБ

2014 –Прима Центар Берлин

2015  -Скопје -Галерија 8

2015 мај- Магаза Битола

2014-2015-Обединетите Арапски Емирати-Дубаи,АбуДаби,Катар,Кувајт,Саудиска Арабија,Бахреин-Проект Хакет –Британски луксузен моден Бренд-Излагање вобутиците на   Hackett

2016 – мај и јуни)-престој во,, Cite des International,, –Paris ,France –и Оpen studio-exibition .

Награди /Признаниа

2008 -,,Борислав Траиковски,,-успешно ликовно остварување во областа на сликарството  ДЛУБ

2013- награда од ДЛУМ-Драгутин Аврамовски Гуте за  графика  мал  формат- ДЛУМ

2015- почесно признание од Трабзон Турција-Фемин Арт

2015 –Член на Лајонс клуб Битола

2016-Битолски весник

Дел од групни изложби- (повеке од 100 изложби во последните 15 години )

0909

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.