Изложбата ,,Портретирани сеќавања,, од Јана Манева- Чупоска пред прилепчани

DSCN8609

,,Портретирани сеќавања,, е темеатската изложба од Јана Манева Чупоска што e отворена во галеријата од ЦK,,Марко Цепенков,,. Љубителите на уметноста  ќе можат да проследат една интересна изложба  koja нуди приказ на една колективна меморија, која се поврзува со нас и нашиот македонски, балкански бит, но опстојува и во границите на една поширока, европска , светска култура. Изложбата ја отоврија Игор Трпчески и Ивана Николова.

DSCN8664

Јана Манева – Чупоска учествувала на бројни групни изложби во земјава и во странство и на повеќе домашни и меѓународни ликовни колонии. Дизајнирала повеќе модни ревии. Работи како декан и професор на Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ, Скопје. Учествувала на научни конференции и симпозиуми и објавила бројни научни трудови во меѓународни научни зборници од областа на ликовната уметност и дизајн. Објавила неколку книги (авторизирани предавања) од областа на ликовната уметност и дизајн. Ментор е на дипломски и магистерски трудови. Учествувала на домашни и меѓународни семинари и работилници  од областа на ликовната уметност и дизајн.

DSCN8684

DSCN8603




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.