Изложбата на семејството Вујисиќ во петок во ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп

На 15 октомври 2021 /петок/ од 13.30 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба од Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Марко Вујисиќ. Станува збор за заедничка изложба на семејството Вујисиќ, поддржана од Министерството за култура.

Проф. Др. Срѓан Марковиќ за творештвото од Мирко Вујисиќ

Вујисиќ создава визуелен исказ врз чувствител, суптилен колорит во кој се среќаваат и вплотуваат спротивностите помеѓу автоматскиот принцип на бележење на импулсите и воспоставување на рамниште со длабоки лавиринти во сопственото битие. ..осмисленоста на тој поетски контекст може да се одреди кон потребата да се надмине френезијата на неавтентичното и визуелно го дефинира сопственото промислување на светот и своето место во него… Кај Мирко Вујисиќ се препознава ретката особина која подразбира долго одржување на емотиен напон така што идејата не губи на снага низ процесот на реализација. Воспоставува комуникација од чудесниот свет на внатрешните простори мирејќи ги со префинетите цртачки структури и металната предлошка кои директно ја допираат светлината со темнината на човековата подсвест.

Податоци за Вујисиќ

Мирко Вујисиќ е роден во 1957. Училиште за применета уметност завршил во Скопје на одделот графика 1977. На Педагошка академија дипломирал 1979. Во 1984 дипломирал во првата генерација на ФЛУ во Скопје на одделот за графика. Во 1998 магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград. Во 1984 ја добил Наградата на ФЛУ за најдобар покажан успех во текот на студирањето по матичниот стручно-уметнички предмет, графика. Во 1985 ја добил Наградата за најдобар студент на генерацијата на Универзитетот„Св, Кирил и Методиј„ во Скопје. Во 1989 ја добил Повелбата за покажан најдобар успех во студирањето меѓу двата јубилеја 1949-1989, а по повод 40- годишнината од основање на Универзитетот. Изложува: графика, цртеж, слика, калиграфија. Предава како Ред. Проф. на ФЛУ во Скопје. Предава цртање, графика и графички техники. Во својата педагошка активност се посветува и со подготовка, пишување на рецензии и предговори, промовирање на изложби и афирмирање на млади уметници преку едукативни ликовни работилници во земјата и странство. Во период 2002 – 2007 со класи на студенти под свое менторство го посетува Центарот за визуелни истражувања во Белград каде студентите во повќенеделно работење во специјално опремени атељеа и високо стручна коодирнација од демонстратори, ја изучуваат графичката техника литографија и фотолитографија. Резултатите од тие работни посети резултираа со организирање на значајни две групни изложби во Галеријата на Флу во Белград и во Галеријата на Флу во Нови Сад.

Има реализирано 23 самостојни изложби во земјата и странство со графики цртежи и слики. Учествувал на преку 80 групни изложби на графика и цртеж во земјата и странство, во Москва, Канагава Јапонија,Темпи- Аризона, Ричмонд-Вирџинија, Гејнзборо, Мериленд во САД, Австралија, Белград,Подгорица, Софија, Варна, Сарајево, Цетиње.. Добил повеќе домашни и интернационални признанија и награди за својата педагошка, творечка и изложбена активност.
Податоци за Лидија Вујисиќ

Изложените дела од Лидија Вујииќ се изработени во цртачката техника во пастел. Тематски го заокружува концептот од циклусот насловен како ,, НИЕ ВО ОГЛЕДАЛА,, каде што се представени галерија на ликови од професионалните дејности од сфера на културата : Музика, Актерство и Ликовни уметности

Лидија Вујисиќ родена 1957 во Скопје. Средно уметничко училиште, отсек – графички дизајн завршила во Ниш 1976. Дипломирала на ФЛУ Скопје на графичкиот оддел 1985. год. Од 1986 до 1990 предава графички техники во Училиште за дизајн и ликовна уметност во Скопје. Од 2000-та година работи како професор по графички дизајн, а потоа графички техники до 2020год. во Училиште за дизајн и ликовна уметност ,,Лазар Личеноски,, – Скопје. Член е на ДЛУМ од 1986год. Од 1982. Учествува на многубројни графички изложби во земјава и странство. Освен на редовните ДЛУМ-ови изложби изложува на меѓународни изложби на графика, меѓу кои: Графичко биенале во Белград, Триенале во Битола, Триенале во Софија, Биенале во Варна, Интер-график во Берлин Канагава- Јапонија, десетина пати Nismes ( Viroinval) – Белгија, Бијенале во Букурешт, во Истамбул, Солун. Учествува и на изложби со македонски автори во Париз, Малме, Торонто, Њујорк Њукастел како и на повеќе Југословенски изложби во Загреб, Београд, Цетиње, Сарајево, Ниш и др. Во период од 1986 до 2016 има добиено десет награди за графики на годишни изложби меѓу кои Годишна награда на Длум, Потоа награда за графика за Биенале на млади во МСУ 1989, откупна награда на Нуб Климент Охридски, Откупна награда од ,,Уметничка национална галерија,,откупна награда на МСУ 1992, Награда за графика ,, Димче Николов,, 2000 откупна награда ба Нуб ,,Климент Охридски, наградата ,, Златна четка,, од Длум за минијатура 2016. Добитник е на стипендија за едномесечен студијски престој во Париз 1990год.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.