Изложбата на дигитални фотографии “Божури” од Милан Темелкоски, во петок од ликовната галерија на “Марко Цепенков”

Изложба на дигитални фотографии „Божури„ од Милан Темелкоски ќе биде отворена на 5 април 2024 /петок/ од 13 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“.

Милан Темелкоски ќе се претстави со 23 фотографии, на кои се претставени божури.

-„Божурите“ се фотографирани на Плаошник, Охрид во 2010 година. Се работи за постари фотографии во боја. Инспирацијата за создавање на фотографиите беше слика од уметникот Кирил Гегоски, која исто носи наслов „Божури“ изработена 1993 година. Кога ги видов божурите ме поттикнаа и ги реализирав фотографиите – вели Темелкоски.

Милан Темелкоски со фотографија се занимава од 1980 година. Досега има реализирани неколку изложби на фотографии.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.