На 9 јуни 2023 г. /петок/ од 19.30 ч. во Ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Еден Облак Подалеку“ од Татјана Винона Јонеска (до 19 јуни 2023).
Во рамките на изложбата планирана е работилница на која ќе земат учество и уметници од странство.
Податоци за изложбата
“Еден Облак Подалеку’ е нејзината прва самостојна изложба во Северна Македонија, при што ќе претстави неодамнешни и тековни дела со кои ќе се обиди да ја вгради архитектурата на галеријата како агент кој активно придонесува за целината на самото дело. Преку внесување на елементи на фрактална геометрија, идеи за проширена реалност, поетско истражување на просторот и обиди да се доловат минливите ‘транзитни’ моменти, изложбата ќе ја покани публиката да отвори прашања околу поимот просторни и временски растојанија и близина.
Податоци за авторот
Татјана Винона Јонеска е уметник кој живее и работи во Лондон. Магистрирала на престижниот Кралски колеџ за уметност / Royal College of Art London, во одделот Современа уметничка пракса – критичка практика. Пред тоа студирала на подеднакво престижниот колеџ за уметности во Chelsea College of Arts – Универзитетот за уметности во Лондон, каде што ја завршила својата диплома по ликовна уметност со почести од 1-вa класa.
Винона има мултидисциплинарна практика водена од екстензивно теоретско истражување и експериментирање, што формално се занимава со прашања околу перцепција, истражување за тоа како се среќаваме со просторот и како ја доживуваме темпоралноста. Учествувала на бројни групни изложби во Обединетото Кралство и на меѓународно ниво. „One Cloud Away“.