Државната изборна комисија (ДИК) информираше дека до 13 часот излезноста на претседателските избори е 20,73 %.
На 3841 гласачки места за шест и пол часа гласале 359.024 из 20,73 проценти гласачи на цела територија на Македонија.
Најмногу гласачи до 13 часот излегле во Крива Паланка 39,69, Крушево 34, Прилеп 33,84 проценти, Кратово, Гевгелија и Берово, сите над 30 проценти.
До 13 часот најмалку гласале во Желино, Врапчиште и Боговиње околу шест проценти.
За споредба во првиот круг гласање за претседателски избори до 13 часот била 20,05%.
За да вечерва се избере претседател потребно е да се постигне цензус од 40%, односно на гласање да излезат 723.253 гласачи.