Излезе од печат двоен број од списанието “СТРЕМЕЖ” за 2016

?????????????

Излезе од печат двобројот 1-2 за 2016, на списанието за литература, уметност и култура ,, Стремеж,, што го издава ЦК,,Марко Цепенков,, а на чии страници се објавени критики и осврти, поезија, проза, раскази, препеви и преводи…

Васил Дрвошанов во текстот ,, Поезијата низ методичката призма на Ана Витанова Рингачева,, се осврнува на поезијата на Ана Витанова Рингачева, Трајче Крстески , во ,, Будење на фантазијата,,пишува за романот,, Светицата и разбирачот,, од Петар Петрески.

Читателите во двобројот на Стремеж ќе можат да ја прочитаат поезијата од Габриела Павлоска, Смиле Наумоски- Брсак и ЕлизабетаТодорска, како и прозата на Сузана Ѓорѓиевска и Маја Мојсова.

Двобројот на Стремеж, што излегува со подршка на Министерството за култура донесува препеви на поезијата на британската поетеса Менди Панет, како и неколку преводи на дела од латински од Миле Богески.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.