Излегоа резултатите за старанецот кој што во Битола беше тестиран за коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче за Тера телевизија потврди дека негативен е тестот на лицето од странство кое преку Центарот за јавно здравје во Битола денеска било тестирано за коронавирус.

Инаку, како што информираше министерот на вечерашната прес конференција, во Македонија има нови шест лица заразени од коронавирусот, со што бројот на заразени во државата се зголеми на 18 лица.

Исто така Филипче вечерва преку својата Фејсбук страница информираше дека се донесе одлука за заострување на мерките против коронавирусот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.