Фудбалерите на Бразил ја совладаа Србија во последната утакмица од Група Е на Мундијалот во Русија.
По овој пораз “Орлите” ги спакуваа куферите и полека започнаа да се подготвуваат за дома, додека Кариоките ќе ги одмерат силите со селекцијата на Мексико.
Голем број на навивачи од Мексико и Бразил пристигнаа во Москва, како би ги поддржале фудбалерите во најважната утакмица во оваа фаза од Светското првенство.
Цел ден атмосферата во руската престолнина била одлична, навивачите на двете селекции заедно се забавувале, но пријателскиот однос бил расипан на крајот од мечот.
Имено, додека траеше утакмицата имало тепачка меѓу неколку навивачи, но со брза реакција на обезбедувањето ситуацијата била смирена.