Изгор цени на бензинот и дизелот – РКЕ најави голема промена

Petrol pump

Со последната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика која важи од вчера, бензинот и дизелот повторно поскапеа.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 денари за литар, а за еден денар поскапе ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи Регулаторната комисија за енергетика по Велигден.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 72,00 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) 63,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,00 денари за литар.

Мазутот М-1 НС, пак, поевтине за 0,078 денари и еден килограм чини 34,377 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.