Изгаснат пожарот во дворот на фабриката “11-ти Октомври”

Центарот за управување со кризи информира дека изгаснат е пожарот кој бил активен во кругот на поранешната фабрика „11 Октомври“ – Еурокомпозит во Прилеп, каде горела ниска вегетација и ѓубре.

Од таму велат дека вчера било интервенирано и на пожар во село Славеј, општина Кривогаштани, каде исто така горела ниска вегетација.

Се уште се активни пожарите во општина Долнени, кај село Рилево, каде гори ниска вегетација и деградирана шума, и кај село Кошино.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.