Извршните директори на СН Осигурителен брокер одржаа онлајн предавање пред 200 студенти на Економскиот факултет

СН Осигурителен брокер АД Битола како опшествено одговорна фирма продолжува со својата помош за развој на заедницата, овој пат со трансфер на практични знаења за идните економисти.

Денес, преку online комуникација, извршните директори на СН Осигурителен брокер АД Битола – Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски, одржаа предавање и презентација пред 200 студенти на Економскиот факултет, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на смер Менаџмент во осигурување, предмет Осигурување предводен од проф. Игор Ивановски.

Предавањето и презентацијата се состоеа од неколку теми: Осигурителни услуги во нашата држава, Осигурителни услуги на светско ниво, Бизнис моделот на СН Осигурителен брокер АД Битола за развој на осигурителниот пазар помеѓу брокерските друштва, но акцентот беше поставен на моменталната ситуација настаната поради Корона вирусот, како оваа ситуација влијае на осигурителните услуги и економијата и како осигурителните компании и брокерските друштва се справуваат со тоа.

СН Осигурителен брокер АД Битола продолжува да ја унапредува соработката со Економскиот факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.