98 извршители, колку што ги има во државава, лани реализирале чист профит од околу 4 милиони евра, откако успеале да наплатат над 145 милиони евра долгови од граѓаните, од фирмите и од државата.
Најуспешните, првите 10, биле вкупна добивка од околу 1,17 милиони евра и во „колачот“ учествуваат со нешто над 29 проценти, покажува анализата на Пари.
Податоците до кои дојде “Pari.com.mk” покажуваат дека процентот на реализација на сите примени барања за извршувања е 10,7 %. Но, и со таква реализација, извршителите одлично заработуваат,. пишува порталот.