Најмалку четири лица загинале во атентат врз сирискиот претседател Башар Асад, додека тој одел на погреб на неговата мајка
Најмалку четири лица загинале при напад на конвој возила, во кој се наоѓал сирискиот претседатек Башар Асад, во близина на Кардаха, Латакија. Вооружениот напад бил извршен од радикални исламисти, со ракетен систем од типот „Град“.
Според првичните информации, Асад одел на погреб на својата мајка, во моментот кога бил направен обидот за атентат врз него во кој биле убиени четири лица, пишува израелскиот весник „Jerusalem Post“, повикувајќи се на сопствени извори во Сирија, пренесува Нетпрес. Во нападот, Башар Асад сепак минал неповреден.
Радикалната религиозна група „Ахрар ал Шам“ е осомничена дека го извршила атентатот врз престедателот на Сирија, во понеделникот во Кардаха, Латакија, кое е родно место на Башар Асад.
Израелскиот весник објавува дека и покрај тоа што токму во тој дел на Сирија има стационирани бројни руски воени трупи, сепак припадниците на „Ахрар ал Шам“ успеале успешно да извршат напад, но неуспешен атентат врз Башар Асад.
Инаку, Енисе Махлиф, мајката на сирискиот претседател, починала во саботата на 86-годишна возраст.