Изворче ја поплави чаршијата синоќа? Водата е изгор скапа, ама 300.000 евра за партиски војници имаше? (Видео)

Деновиве наши читатели постојано ни испраќаат видеа и фотографии од дефекти во водоводната мрежа во сите населби низ Прилеп.

Граѓаните велат дека на надлежните им е потребна цела вечност за да ги санираат дефектите, а за сето тоа време пивка вода тече по улиците.

Видеото e oд плоштадот “Методија Андонов-Ченто” кај јарболот, каде веќе неколку дена залудно тече чиста вода.

Да му помогнеме на ЈКП Водовод и канализација, вакви дефекти моментално има и на раскрсницата кај зградите на “Димо Наредникот” и на крушевско џаде под пожарна.

Инаку од јавното претпријатие пред десетина дена предупредија граѓаните рационално да ја трошат водата, затоа што сушниот период предизвика недостаток во водоснабдувањето, па претпријатитето дополнително ги активираше бунарите.

Не така одамна од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп истакнаа дека во ек на пандемија претпријатието потрошило 17.700.000 денари, или 287.805 евра за договорни вработувања.

Ристески: “ВОДОВОД одделил 288.000 евра за партиски вработувања? А, сметките 60% повисоки”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.