“Извонредна анализа за немањето препорака од новинарката Емилија Гелева”

(Фејсбук статус на новинарката Емилија Гелева)

“Краток курс по актуелна геополитика за оние што се занесуваат дека ја разбрале светската политика и што останаа со прстот во уста по последниот самит на ЕУ на кој Република Македонија не доби датум за преговори туку доби само нови „услови“.

Британската кралица го одобри договорот меѓу Лондон и Брисел за Брегзит. Тоа значи дека ЕУ полека но сигурно ќе биде демонтирана на англосаксонски сателити како Холандија и Данска, кои без поговор ја следат британската надворешна политика, и на останати „стари и нови европи“ со Франција како „стара“ Европа. Макрон, кој има месијански визии да го спасува светот добро го разбра „баќушка“ Путин на неодамнешната средба во Москва. А богами едно е сигурно, Макрон има апсолутно цврста волја и карактер.

Австрија, која најави дека е против проширувањето на ЕУ, мудро одмолча гледајќи дека Франција и Британија ќе и ја завршат работата. Бадијала и жално беше да се гледа коленичењето кај Курц, кој во наредните шест месеци за приоритет како претседавач на ЕУ го има враќањето на бегалците во земјите од каде што дошле, и изградба на бегалски кампови вклучително и во Македонија.

Да не го заборавиме извесниот самит Трамп-Путин, за кој посебно се залага Трамп и покрај пречките што му ги прават „дип-стејтовците“ од неговото окружување. Ќе си се договорат луѓето за многу работи.
Светот ги смени правилата на игра а нашите „сезнајковци“ не се свесни за тоа.

Исто така, сигурно е дека Неа Демократија нема да гласа „за“ при ратификација на ткн. договор со Македонија. Веќе е сосема извесно дека Атина никогаш нема да го ратификува овој договор, исто како што направи и со Привременета спогодба со Република Македонија, од која не исполнија ниту една буква а ние СЕ извршивме како телци.

По се, јасно е дека муртинско-шпонски фазони за безаконие и божемни правни вратоломии не проаѓаат во ЕУ. Бидејќи ЕУ не се само криминалните „дип стејт“ петто и шесто колонаши, туку и други Европејци со малку повеќе „нобл“ манири.

Затоа СДС-ОВЦИ, берете ум во глава што ќе ратификувате по вторпат. Нема да ви помогнат ниту гласините дека многу од вас биле под притисок и завршиле во болница. Гласините нема да ве спасат да останете закачени на „таблото“ на срамот кај Македонците, доколку си играте со нашата судбина и судбината на нашата држава Република Македонија!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.