Извлечени групите за Светиниколскиот турнир во мал фудбал

Извлечени групите за традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2023”. Екипите се поделени во 8 групи од по четири екипи, кои од сабота ќе го започнат походот до престижниот фудбалски пехар во Прилеп.

Покровител на турнирот е Локалната Самоуправа на Општина Прилеп која дава максимална поддршка на спортот, заедно со генералниот спонзор, компанијата Комфи Ангел која што годинава е и домаќин на градската слава и се разбира со поддршка на други општествено одговорни компании и Регионалната Стопанска Комора – Прилеп.

Заради немањето можност фудбалските натпревари да се играат во Универзалната сала, љубителите на малиот фудбал ќе ги следат натпреварите училишните сали на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” и во ООУ “Добре Јованоски”, после 18 часот.

Наградниот фонд за ова издание на турнирот е повеќе од 450.000 илјади денари. Победникот ќе добие 260.000 денари, за второ место се обезбедени 130.000, а за трето 70.000.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.