Од 5 до 7 мај во организација на извидничкиот одред Феникс, градот под Марковите кули ќе биде домаќин на првиот извиднички натпревар.
Филип Стојаноски кој е старешина на извидничкиот одред „Феникс“ во својата изјава посочи дека на акцијата ќе бидат присутни извидници од цела Македонија, а на истата ќе има големо дружење, забава, стекнување на пријателства и запознавање на Прилеп, околината и неговата историја.
Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека локалната самоуправа отсекогаш го подржувала извидничкиот одред „Феникс“ така ќе биде и овој викенд, а на сите учесници им посакуваме добар престој во градот и убаво да се запознаат со Прилеп и неговата околина.
Овој настан ќе има за цел да ги развие капацитетите на младите за понатаму во своите извиднички организации да го подобрат работењето, вклучувајќи повеќе млади и навистина да придонесат повеќе кон развојот на општеството.