Се известуваат сите благочестиви христијани, кои сакаат да се помолат за своите блиски упокоени во Христа во деновите на претстојната МИТРОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА, помените ќе се прават во посочените временски термини:
Во храмотвите Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) и Света Петка Точила:
– Утрена со Заупокоена литургија, петок и сабота од 07 часот.
– Вечерна богослужба, петок и сабота од 16 часот.
ПОМЕНИТЕ ЌЕ СЕ ПРАВАТ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА БОГОСЛУЖБИТЕ!
Во црквата СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) блудци ќе се пејат од 7.30 до 9.30 часот и од 15.30 до 17.00 часот, двата дена.
Да не ги заборавиме починатите зашто, во тој случај, се забораваме себе си, а заборавот е темнина, спротивна на светлината која извира од молитвата. Затоа да си спомнеме и да се помолиме за починатите та вечен нека им биде споменот на сите што се упокоиле со надеж за воскресение и живот вечен и Бог да ги упокои каде што сјае Неговата светлина.
Бог да ги прости и да им дарува Царство Небесно.