Министерот за здравcтво, Венко Филипче на одговор на новинарско прашање истакна дека утринава, на состанокот со Комисијата за зapaзни болecти било предложено од Комисијата до главниот kpизен штаб, до Владата во текот на викендот да има целосно ограничување на движењето – полициски час од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот наутро.
„Што е суштината и зошто тоа се предложи – сите овие случаи коишто ги имаме во изминатите неколку денови во огромен процент се должат на настани, семејни собири коишто се случуваа изминатите денови. Токму заради тоа непочитување на мерките ние имаме нови случаи. Во таа смисла само вака една ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефект. Сите други ослободувања од рестрикциите коишто беа најавени за крајот на оваа недела ги оставаме за почетокот на следната недела – значи после викендот. Тука влегува и функционирањето на угостителските објекти, евентуално скратување на полицискиот час, но за сето тоа ќе одлучува Владата, прво во текот на овие денови за викендот, а понатаму за сите мерки од вторник па натаму“, рече Филипче.
Oд Владата пак велат дека сеуште не донеле одлука.
“Ги демантираме дезинформациите дека Владата денеска одржала седница. Денес немаше владина седница и не се донесени никакви владини одлуки. Сите одлуки за мерките за справување со КОВИД-19 се носат исклучиво со владини одлуки. Јавноста веднаш ќе биде информирана кога ќе биде закажана следна седница на Влада, како и за било која следна одлука на Влада”, напишаа на Фејсбук од Владата.
Инаку, четиридневен карантин беше воведен и за најголемиот христијански празник Велигден.