Живот ли е ова во играње со судбини, влечење за уши и одбегнување на реалноста? Со вакви транспаренти и мини- концерт на “Ода на радоста“ пред Битолската општина, избрканите наставници и други кадровски профили, седумдесет и пет на број што ги сомле партиската машинерија на актуелната власт и ги остави без егзистенција, денеска на последниот училишен ден, “Одата“ и` ја отствирија на битолската градоначалничка која досега ниту еднаш не покажа доблест да се сретне со нив – пренесува “АЛФА ТВ”.
– На последниот ден од оваа учебна година, сакаме да им се “заблагодариме“ на новоназначените директори во градинките, основните и средните училишта, наши долгогодишни колеги ки не ни ги продолжија работните договори, ниту пак ни ги трансформираа работните односи и не оставија со млитаво образложение дека не е до нив. И најголема “благодарност“ до градоначалничката на Општината Битола, што и покрај толку обиди да се сретнеме, не н`е удостои со средба, ниту пак со објаснување – рече претставничката на зибрканите наставници Гордана Јоначиќ.
Цената информација погледнете ја ТУКА