Избран нов претседател на Советот: Двоецот Јовчески-Стерјовска ќе го врати Прилеп на старите патеки!

Неодамна преку нашата Фејсбук фан страна спроведовме анкета, преку која ги прашавме граѓаните, кој треба да биде иден Претседател на Советот на општина Прилеп, со оглед на тоа дека досегашниот Дејан Проданоски беше избран за пратеник во Собранието.

Најчестиот одговор на граѓаните беше Ирена Стерјовска, советничка која веќе втор мандат е водечко лице на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Прилеп.

И токму така се случи. На денешната 44. седница на Советот, мнозинството гласаше токму Стерјовска да седне на претседателското столче, и да работи заедно со градоначалникот Јовчески, за реализација на голем број предвидени проекти.

Стерјовска беше Заменик градоначалник на општината, а нејзината блискост со народот, ораторски способности и способност за менаџирање, веројатно беа пресудни за граѓаните, кои бараа токму таа да го преземе претседателското столче и да раководи со донесувањето на одлуките клучни за развој на градот.

Довербата што и ја довери Јовчески за да го заменува во случај на неможност за извршување на функцијата, уште дотолку беше пресудна и уверува дека заеднички ќе можат да донесат одлуки кои ќе треба да го променат ликот на Прилеп.

Граѓаните веруваат дека двоецот Јовчески-Стерјоска ќе биде одличен линк со новата Влада во Скопје, особено ако се знае дека голем број проекти бараат финансиска поддршка од централната власт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.