Неделниот весник ,,Зенит’’ по деветти пат избра најдобар спортист на Прилеп. Овојпат, најдобар за 2016 година, е ракометарот на суперлигашот Прилеп, Александар Бозароски, за кого е пехарот и дипломата од реадкцијата на весникот. Како капитен, еден од најискусните и најефикасните, го предводеше тимот кон пласманот на високото четврто местово во Супер лигата, односно кон европскиот куп на ЕХФ. Така по долги 12 години прилепскиот машки ракомет се појави на европската сцена. Бозароски и есеноска играше одлично и придонесе екипата да собере доволен број бодови за безбедно да продолжи во пролетниот дел од првенството, со шанси за плеј-офот. Во годинава што претстои, во осетно подмладениот состав, меѓу малкутемина повозрасни е пак капитенот. Тој најавува дека ќе ги брани боите на клубот се додека не се обучи кадар што ќе го замени него и досегашната генерација на Прилеп.
Таткото на Александар, Гоце Бозароски, беше ракометар на Тутунски и избран за најдобар спортист на Прилеп за далечната 1979 година.