Избран најдобриот спортист на Прилеп

1
Пехарот за ракометарот Менде Петкоски. Редакцијата на неделниот весник ’’Зенит’’ по осми пат избра најдобар спортист на Прилеп. Почестите за минатата 2015 година се за ракометарот, левото крило на суперлигашот Прилеп, Менде Петкоски кој ги прими пехарот и дипломата. Тој беше меѓу најзаслужните во екипата што избори пласман над очекувањата. Пролетта, во дебитантската суперлигашка сезона играше во плеј-офот, а есеноска се пласира на високото второ место веднаш под фаворитот Металург. Целта пролетва се добри игри до крајот на основниот дел од лигата и достојно претставување во плеј-офот, каде се појавуваат шанси за излез во Европа. Ракометот под Марковите Кули е во силен прогрес и оттука полната трибина на секој првенствен натпревар.
Претходните години најбројни добитници на признанието беа каратистките – четирипати, трипати беа прогласени ракометарки, двајца фудбалери, по еден борач и параглајдерист.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.