Предмалку беа извлечени групите за новата сезона на Лигата на шампионите, а покрај тоа УЕФА го прогласи и најдобриот играч за изминатата сезона во Европа.
Признанието оваа година му припадна на хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, кој му се приклучи на Лионел Меси, Франк Рибери, Андрес Иниеста и Кристијано Роналдо, кои претходно ја имаат кренато оваа награда.
Модриќ беше главен актер во освојувањето на третата последователна титула во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и еден од најзаслужните за историското финале на Хрватска на Светското првенство во Русија.
Moдриќ истакна дека ова е остварување на неговиот сон и огромно признание во неговата кариера.
Во најтесна конкуренција со Модриќ беше и Мохамед Салах, како и Кристијано Роналдо.