Избрани попишувачите за Прилеп: Проверете кој ќе ви тропне на врата

Познати се имињата на реонските попишувачи, кои се избрани и именувани од Државниот завод за статистика за Пописен реон 19 со седиште Прилеп кој што покрива подрачје на 3 општини и тоа Прилеп, Кривогаштани и Долнени.

Избрани се 273 реонски попишувачи и 18 резерни, а листата со одлуката за избор можете да ја погледнете ТУКА

Согласно претходниот попис за пописниот реон 19 каде спаѓа и Прилеп, евидентирани биле 96.486 лица.

Пописот во Македонија започна на 1 март за дијаспората, а за останатите граѓани ќе се одвива од 1 до 21 април.

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Душко Арсовски на вчерашната прес конференција пренесе порака до граѓаните во врска со пописот.

Арсовски тврди дека оние кои што организираат бојкот на пописот ќе одговараат кривично, што значи дека им се закануваат и затворски казни, додека пак тие кој што само го бојкотираат пописот ќе одговараат прекршочно што значи дека ќе добијат парични глоби до 300 евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.