На 22.02.2023 во 22.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп, автобус „фолксваген крафтер“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.А.(50) од Битола, излетал од коловозот. Е.Г.(38) од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телесни повреди, додека Р.Н.С.(31), И.Љ.(38) од с.Лопатица, Т.С.(50), М.О.(31), А.М.(22), В.Т.(40), В.С.(27) од с.Лисолај, Н.С.(45), Т.Л.(20) од с.Кукуречани, Д.В.(54) од с.Крклино, битолско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.