Во петокот околу 21 часот додека 59-годишната Љ.Т. од Скопје била со нејзините синови со кои одела од Прилеп кон Скопје, со автомобил Мерцедес со холандска ознака, пред бензинска ги пресретнал друг автомобил Мерцедес со прилепска регистрација, и се паркирало пред нивното возило. Од возилото излегло машко лице и непозната жена која му се спротиставувала да направи драма. Откако си продолжиле по патот, ги пресретнало комбе кое ги удрило одзади, а потоа се паркирало пред нив и од него излегле насилници кои тргнале кон нив, но еден од синовите на Љ.Т. го свртел возилото кон Прилеп. За жал, комбето ги престигнало и удрило повторно, по што се превртеле. Насилниците излегле со палки и се приближиле до возилото. Двајцата синови избегале, а мајката која останала сама била нападната. Тие ја тепале по што паднала во безсознание.
Таа била префрлена во Медицинскиот Центар во Прилеп.
Полицијата трага по насилниците.