ИД киднапираше околу 2.000 цивили

Борци на Исламска држава киднапирале околу 2.000 цивили при напуштањето на сирискиот град Манбиџ.

islamska-drzava

– Припадниците на ИД при повлекувањето од квартот Ал Сираб, последниот бастион во Манбиџ киднапираа 2.000 цивили, се наведува во соопштението на Сириските демократски сили, коалиција на арапски и курдски борци.

Сириските демократски сили минатата недела презедоа контрола над градот Манбиџ.

Припадниците на ИД заедно со заложниците се упатиле кон градот Џараблус, во близина на границата со Сирија. Заложниците биле транспортиртани со 500 возила. Џараблус е 40 километри северно од Манбиџ и е под контрола на ИД.

Борците на Сириските демократски сили успеале да ослободат околу 600 заложници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.