Со двата погодоци на Бојан Спиркоски, Победа попладнево на гостувањето кај САСА во Македонска Каменица ја продолжи победничката серија.
Спиркоски беше прецизен по еднаш во двете полувремина, најпрво за 0:1 во 16-та минута, а потоа и за 0:2 во 47-та.
САСА успеа преку удар од белата точка на Алексовски да намали на 1:2, што беше конечниот резултат на денешниот натпревар.
Ривалите на црвено-белите за пласман во Првата лига, Слога Виница и Беласица забележаа исто така тирумфи во денешното 24-то коло.
Особено интересно ќе биде идниот викенд кога на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп гостува Беласица.
Натпреварот со сигурност ќе предизвика огромен интерес кај фудбалските љубители во Прилеп, па се очекува присуство на неколку илјади навивачи на трибините.
Моменталната состојба на табелата е следна: Слога 54, Беласица и Победа по 53, Саса 44, Кожуф 31, Пехчево, Детонит и Осогово по 27, Братство 14, Локомотива 6.