Идеални патни дестинации за хороскопските знаци во 2016 година

Забавувајте се и проверете која е идеалната патничка дестинација за вашиот хороскопски знак во 2016 година.

 

patuvanja

Овните сакаат високи температури, одлична храна и воодушевуачки туристички атракции. Дубаи е совршен избор за нив оваа година.

Биковите се хедонисти кои сакаат да испијат добро вино во скапоцени чаши и да јадат вкусна храна. Покрај тоа сакаат да уживаат во одличното време и во културното богатство.

Близнаците го сакаат метежот и динамиката на големите градови , и разузданиот ноќен живот. Не чуди што Лондон се наоѓа на нивната листа на желби.

Раковите сакаат да бидат во близина на вода без оглед на тоа дали станува збор за река или за океан. Исто така сакаат да ги откриваат новите кујни. Грција затоа пак се наметнува како одлична идеја за Раковите.

Лавовите се љубители на луксузот и гламурот, па насекаде патуваат соа вион и тоа со прва класа. Париз е нивното омилена дестинација.

Девиците се љубопитни и детални. На патувањата избираат градови како Рим чие културно богатство може да се истражува со денови и недели.

Вагите се мирољубиви и друштвени личности. Сончевата Шпанија за нив е вистински рај.

Скорпиите одморот го сметаат како синоним за романса. Токму поради тоа избираат романтични места како Венеција која може да ја посетат со своите партнери.

Стрелците ги обожуваат патувањата, а особено на местата на кои може да искусат различни култури. Египет е извонредна идеја за нив.

Јарците се работохоличари, гладни за моќ и пари, Кога конечно ќе застанат и ќе решат да одат на одмор, тогаш се одлучуваат за Малдиви.

Водолиите се љубопитни и сакаат да искусат нови работи. Токму затоа градовите како Берлин се одлична дестинација за нивните припадници.

Рибите се големи сонувачи па не чуди фактот што најдобро се чувствуваат во магичните земји како Јапонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.