Идеални за после постите: Превкусни кокос коцки кои се топат во уста (Рецепт)

Идеални за првиот ден откако ќе завршите со постите. Се прават лесно и бргу, а задоволството кога ќе ги вкусите е неизмерно.

За подготовка на тестото ви требаат: 4 јајца, 200 грама шеќер, 200 грама брашно, 5 лажици млеко, 1 кесичка прашок за пециво.

Се матат јајцата и шеќерот, потоа се додаваат брашното и прашокот за пециви, и на крај млекото и маслото и сѐ заедно се меша додека не се добие рамномерна смеса. Се пече околу 25 минути на температура од 16о степени. Откако ќе се изладат се сечат на коцки.

За преливот потребни ви се еден маргарин, 3 лажици какао, 100 грама кујнско чоколадо, 200 грама млеко и 200 грама кокосово брашно.

Маргаринот се топи во загреаното млеко. Откако ќе се растопи се додаваат какаото и чоколадото. Смесата не треба да зоврие.

Претходно исечените коцки се потопуваат во чоколадниот сируп и се валкаат во кокосово брашно.

Се служат веднаш.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.