Во големото дерби против Милан на „Сан Сиро“ Јувентус синоќа успеа да дојде до важна победа од 2-0, но триумфот остана во сенка во последните минути од натпреварот.
Поради грубата игра на Гонзало Игуаин судијата му додели жолт картон, а поради жестокиот протест, веднаш уште еден и автоматски црвен, по што Аргентинецот збесна и сакаше да се пресмета со сите на теренот.
Никој од фудбалерите не можеше да го спречи речиси цела минута, но на крајот сепак страстите кај Аргентинецот спласнаа, па Игуаин го напушти теренот.
Higuain has a meltdown after talking himself into a red card #MilanJuve pic.twitter.com/anQa77YaYh
— Jonah Takalua (@Destaquito2) November 11, 2018
Претходно, во 41 минута Игуаин не успеа да реализира пенал за домашните. Вечерва головите ги постигнаа Марио Манџукиќ во 8 минута и Кристијано Роналдо во 81 минута.