Игор Џамбазов и Гуру Харе приредија концерт за паметење на Крушевското езеро синоќа – стотици уживаа во блуз звуците во природа (ВИДЕО)

Втора година по ред во Крушево се одржува Авантуристичкиот фестивал на отворено “When in Krusevo”.

Во богатата програма која вклучува посета на музејските комплекси, планинарски трки, планински велосипедизам, кампување…. посетителите имаат можност да проследат и неколку концерти крај прекрасното Крушевско езеро.

Вечерва на фестивалската сцена настапија: DJ Crazy Slave, Игор Џамбазов и Гуру Харе и Balkan Jam.

Секако најголем интерес предизвика концертот на Игор и Гуру Харе, а публиката уживаше во блуз звуците.

Ви пренесуваме дел од атмосферата:

Утре фестивалот и авантурите за посетителите продолжуваат, а вечерта одново забава пред фестивалската сцена.

Настапуваат: DJ Tome Rootboy, Inner Circle, Beta House и локални диџеи




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.