Вчеравечер во просториите на ЦК „Марко Цепенков“ се одржа хуманитарен настан на Игор Стефановски – Иџе со пријателите. Настанот започна со мини концерт на легендарниот македонски гитарист Влатко Стефановски, потоа преку приказна за животот испреплетен со подеми и падови, за семејството, соработниците, како и за најголемите постигнати успеси говореа Гордана Нацева, Ѓорѓе Војновиќ, Милован Стефановски, Михаил Ренџов, Петар Стефановски и Игор Стефановски – Иџе. Собраните средстава ќе бидат донирани за опрема на сензорската соба за деца со аутизам која е во подготвителна фаза, а е сместена во просториите на ОУ „Климент Охридски“. Настанот беше збогатен и со повеќе уметнички творби на сликарот Живко Поповски – Цветин.
[Best_Wordpress_Gallery id=”265″ gal_title=”IdzeVoPrilep”]