Златан Ибрахимович сепак веќе се договорил да се пресели на “Олд Трафорт”, вели италијанскиот журналист Танкерди Палмери..
Новиот клуб за преселба на Швеѓанецот е топ тема во спортските медиуми веќе подолг период, одкако тој изјави дека на крајот од сезоната го напушта ПСЖ како слободен играч.
Јунајтед сепак беа и предводници на листата на клубови кои се во трка за 34-годишниот напаѓач, но Ибрахимович остана тивок и не откри дефинитивно преселување во Манчестер.
Напротив тој одбиваше да говори за поврзаноста со трансфер во Манчестер Јунајтед, на неколку пресконференции.
Но, Палмери инсистира дека “црвените ѓаволи” веќе имаат пред-договор со Златан уште од почетокот на јуни.
“Тој потпиша согласност уште на почетокот на јуни, пред стартот на Европското првенство. Ја потпиша согласноста која му беше испратена во кампот на шведската репрезентација и ја испрати назат”, вели Палмери.
За Ибрахимович во изминатиот период заинтересирани беа и Баерн Минхен, Милан и повеќе клубови од МЛС лигата.
Палмери смета дека потпишвањето на пред-договор е веќе завршена работа, како и тоа дека раскинувањето на ваков вид договор значи и голема отштета, па поради тоа никој до сега не го прави тоа.
A.Г.