Ибица му го уништи животот: За една секунда остана без 33.000 евра

Британецот Дејв Литл за време на едно ноќно излегување на популарната Ибица во Шпанија, направил “пијана грашка” и потрошил цели 28 илјади фунти, околу 33 000 евра, кога преку интернет купил автобус.

 

Davie-Little-640x638

Тој во алкохолизирана состојба сакал преку својот телефон, онлајн да купи автобуска карта од само неколку евра, но наместо тоа купил цел автобус. Утрото кога се разбудил, забележал дека на неговата кредитна картичка недостасува огромен износ.

– Уште не можам да поверувам што направив. Ибица ми го уништи животот. За една секунда, отиде целата моја заштеда, напишал тој на социјалните мрежи.

status-avtobus

Логично, тој веќе бара купувач за неговиот авотобус. Овој статус на Фејсбук за кратко собрал 42.000 лајкови, а дури 5 000 корисници го споделиле неговото признание за скапата грешка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.