Иако сме малкубројни сепак знаеме да победуваме

12227952_10207816367988400_2130651407_o

На општинските натпревари во Футсал за женски, за основни училишта во организација на Сојузот на училишен спорт на град Прилеп, учевствуваа основните училишта од нашиот град и од населените места Мало Коњари, Тополчани и Канатларци. Турнирот се одржа на 10ти ноември во спортската сала Македонија.

12226579_10207816367588390_1437017589_n

Екипата на ООУ Страшо Пинџур од с.Мало Коњари го освои првото место предводена од ментор наставникот Иле Мишески и се стекна со право на учевство на регионалните натпревари кои ќе се одржат на 12ти идниот месец во Битола. За влез во финалето со резултат од 3-0 беа подобри од екипите на ООУ Кирил и Методиј од с.Канатларци и ООУ Кочо Рацин од Прилеп. Финалниот натпревар заврши со резултат 1-0 против екипата на ООУ Блаже Конески. Вреди да се напомене тоа што и покрај малиот број на ученици кои гравитираат во оваа рурална средина, за разлика од училиштата во градот , желбата да се спортува е голема и со максимално залагање се трудиме да ги испочитуваме нивните врености и допринесеме за здрава и успешна младина, вели наставникот Иле Мишески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.